Ванхауте со одговор до Груевски: Кога некому не му се допаѓа пораката, го убива гласникот

0
928

Европската Унија целосно го поддржува посредникот Ванхауте во напорите за спроведување на Договорот од Пржино, ова е одговорот од Делегацијата на ЕУ, по обвинувањата на премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за порталот Прес 24, дека Белгиецот е само извршител со своја агенда, кој како што вели, зема дебели дневници, и не помага во преговорите, туку провоцира, јави 24 Вести.

– Нема да коментирам многу. Кога некому не му се допаѓа пораката, го убива гласникот. Мојата работа тука е да создадам пријатна атмосфера. Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ. – вели Ванхауте.