КОВАЧЕВСКИ : УПОТРЕБАТА НА СИЛА ПРОТИВ НОВИНАРИТЕ ПОТСЕТУВА НА МРАЧНИТЕ ВРЕМИЊА ОД МИНАТОТО КОГА БЕВМЕ ЗАРОБЕНА ДРЖАВА

0
67

„Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава“ напиша претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво.

„Очекувам новинарот да биде ослободен. Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество“ напиша Ковачевски.