11.1 C
Prilep
Thursday, May 2, 2024
Home Македонија ПЕНДАРОВСКИ ЗА АПСЕЊЕТО НА САЛИУ : СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТОА Е ЗНАК...

ПЕНДАРОВСКИ ЗА АПСЕЊЕТО НА САЛИУ : СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТОА Е ЗНАК НА ВРАЌАЊЕТО НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ

0
138

„Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот.

Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните.

Тој додаде дека се надева оти тоа не е знак како тие луѓе би владееле ако добијат шанса, бидејќи сме изгорени од тоа.

„Можеби грешам, се извинувам, не ја знам реалната ситуација, но од видеото, 4-5 специјалци фрлени врз новинар, ми е малку симптоматично“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше случаи кога новинари лежеа во затвор и з анапишан збор и дека не би сакал ова да е лош знак дека ако се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт така ќе постапуваат со медиумите.

Салиу деновиве е актуелен со серијата стории во кои обелоденува документи за кои тврдат дека наводно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за обезбедување документи, но и за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на политичарите и партиите кои во изминатиот период беа објавувани во емисијата „Објектив“ на Македонската радио-телевизија (МРТ). Опозициската партија, како и јавниот сервис ги негираа наводите.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека станува збор за фалсификувани документи.