Јоханес Хан: Влада во Македонија преку уставно мнозинство

0
987

Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се осврна на два наврати на ситуацијата во Република Македонија и нејзините европски перспективи, во одговорите до парламентарците на 47 земји членки на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Прашан директно од британскиот пратеникот Марк Притчард, од редовите на групата на европските конзервативци и реформатори за тоа дали може да даде прецизен датум за членството на нашата земја во ЕУ, Јоханес Хан одговори дека се надева оти наскоро ќе се постигне напредок.

– Што се однеусва до ПЈРМ ние напреднавме со одлучност. Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ. Во рамките на тој процес, требаше да одржат предвремени избори, тоа е направено во декември. Сега земјата треба да се стекне со влада и се надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде влада која ќе може да се потпри врз едно уставно мнозинство, рече Хан.

За да се напредне на патот за членство во ЕУ, нагласи, треба да се реши проблемот со името. – За тоа ќе биде потребно уставно мнозинство. Се надевам дека во идните недели ќе успееме да забележиме напредок, рече Хан.

На прашањето на известувачката на ПССЕ за постмониторинг дијалогот со Македонија, норвежанката Лиз Кристофересен,  како ја оценува политичката ситуација во Македонија по изборите, Хан рече дека се надева оти наскоро ќе биде формирана новата влада.

– Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството со цел да продолжи да отврора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки, рече  Хан во одговорот.

Зборувајќи воопшто за земјите од западен Балкан, тој нагласи дека се интерсни за инвеститорите и европските претпријатија, бидејќи сите бележат еконосмки раст два пати поголем од земјите од ЕУ и имаат пазар од околу 20 милиони лица.

– За Западен Балкан можам да ви гранатирам дека го започнавме процесот од Берлин кој е крунисан со успех. Минатото лето, само три недели по Брекзит во Париз се состанаа сите шефови на држави и влади од ЕУ кои се изјаснија за процесот на проширување на ЕУ кон земјите канидати од Јужен Балкан. Кандидатите се тие кои ја утврдуваат брзината на процесот. Нема ограничена брзина на процесот на интеграцијата, но процесот треба да се живее и да биде одржлив, рече еврокомесарот, нагласувајќи дека во тој контекст борбата против корупцијата е многу важна. За да се забрза процесот, додаде, не треба само да се усвои некој закон, туку и да се спроведе на дело.

Јоханес Хан пред ПССЕ на повеќе пати повтори дека за сите земји кандидати кои теженат да влезат во ЕУ потребно е почитување на нормите на Советот на Европа и пред се на правната држава.