(ВИДЕО) Костовски : Нов пораз на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, со неуспешната интерпелација за Димитров пропадна уште еден блеф на Мицкоски

0
613

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеникна СДСМ

Почитувани,

Се редат поразите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски и неговата антидржавна и антинародна ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера јавноста сведочеше на уште еден изгубен ден овде во Собранието. Наместо за потребите на граѓаните, цел ден се зборуваше за хировите на Мицкоски.

Додека преку пленумот и преку собраниските комисиите блокира важни закони за граѓаните, како оние за поддршка на земјоделците, за унапредување на енергетската ефикасност, за поддршка на единиците на локалната самоуправа, вчера ВМРО-ДПМНЕ потроши цел ден за уште една пропадната интерпелација, за уште еден обид за опструкција.

Со неуспешната интерпелација за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, деструкциите, неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново беа поразени во Собранието.

Истиот исход ги очекува и со интерпелациите најавени за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Синоќа, пропадна уште еден блеф на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, на површина излезе уште една лага за наводно создавање на ново парламентарното мнозинство.

Пораз по пораз, лага до лага, тоа е учинокот на партијата предводена од Мицкоски.

Наместо да дејствува конструктивно и во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани и пропаднати интерпелации ја опструира работата на Собранието за исполнување на личните хирови на Мицкоски.

Затоа оваа партија која е симбол на деструкција и антидржавно однесување уште долго ќе остане во опозиција.