ТРИЧКО : ТРИ ВПЕЧАТОЦИ ОД ЛЕТОТ ОД КУКАВИЧКОТО ГНЕЗДО НА ШЕКЕРИНСКА

0
2570
Шекеринска

Три впечатоци од летот над кукавичкото гнездо на Шекеринска:

1. Ни после оставката на Заев Шекеринска не поднесе оставка, макар што нејзините несогласувања со делови од политиките на премиерот, кој по некој ден ќе биде бивш, биле такви што имала доволно причини да се повлече многу порано. Ако решиме да и веруваме на тоа што го рече денеска. А не на тоа што за секторот и во секторот во кој работеше и во кој се остварени најголемите успеси, па и за општите состојби, го говореше до вчера. Наместо тоа таа најави оставка од владата во која не е ни именувана. Хахаха! Таа збрка во потезите и образложенијата со се интонациите, говори за извесно ниво на недоследност и неприфатлива опортуност. Прилично високо ниво.

2. Ставот дека партијата не ги примила пораките на народот е традиционална фраза чија репетиција говори дека демагошката инерција ги спречува високите политичари од рангот на Шекеринска да ги разберат работите. Не се работи за тоа да се чујат пораките од народот затоа што од народот нема никакви пораки, тоа е една хистеризирана маса освоена од претставите за себе, за Македонија и за светот, а не од вистинските состојби. Тоа е клучот на поразот на локалните избори: немоќта на власта да се справи со одземената деловна способност на народот. Обратно, се работи за тоа како на народот да му се упатат пораки зад кои ќе стои вистинска реална и одговорна политика.

3. Излагањето на Шекеринска беше обоено со интензивни нијанси на класичната демагогија, некакви зборови и фрази, тешки а празни, фрчат, тралала на пригодноста, како обраќање на некоја мис од Дурбан (“Јас ќе се борам да се чујат пораките на народот”), народот сака такви напола танки, ред блаблабла, ред тралала, како ги изебавме луѓето, а себе се оставивме невини.