ШОКАНТНО : УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ЗДРАВСТВОТО ОД ТОДОРОВ – Трудница го изгубила бебето оти болницата немала лекови

0
2093

Трудница во петти месец од бременоста го изгубила бебето, чекајќи терапија која болницата не можела да ја обезбеди, објави Телма.

Сопругот обвинува дека тоа се случило поради грешка на лекарите на гинеколошкото одделение во охридската општа болница, каде се јавиле во саботата бидејќи трудницата се пожалила на вагинална инфекција и болки.

Тогаш и биле препишани некои апчиња и без гинеколошки преглед е пратена дома. Утрото со нови болки и крварење трудницата е примена кај друг лекар. Тој му рекол на сопругот да набави соодветни инјекции кои болницата ги немала, а аптеките велат дека се повлечени со години.

Во текот на вчерашниот ден болките и крварењето кај трудницата се интензивирале, што било фатално за бебето.

Од гинеколошкото одделение иако потврдуваат дека ги немаат на распалагае сите потребни лекарства, убедуваат дека направиле се што можат за да го спасат плодот.