КОВАЧЕВСКИ : СОСТАНОКОТ ПОМИНА ВО ДОБАР ДУХ, СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЕКСПЕРТСКИ, МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ КОМУНАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ДА ПРЕМИНАТ НА РЕГУЛИРАНИОТ ПАЗАР, ЌЕ НАПРАВИМЕ АНАЛИЗИ ДА ВИДИМЕ ДАЛИ Е ТОА ИЗВОДЛИВО

0
471

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски оцени дека таа поминала во добар дух, а барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се отфрлени.

-Јас не очекувам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ме фали, напротив, очекував да биде и поостар во изјавата. Сепак сметам дека состанокот помина во добар дух, се разговараше експертски.

Дополнителни анализи ќе бидат направени за основното барање на ВМРО-ДПМНЕ за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар. Разбирливо е дека тоа им беше главно барање, бидејќи ги имаат најголем број од градоначалниците. Ние го немаме тој луксуз, мораме да се грижиме за сите подеднакво, рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски рече дека тој им ги образложил активностите што се преземаат во насока на справување со енергетската криза, а ги слушнале и предлозите на опозицијата.

– Вчера упатив покана до ВМРО-ДПМНЕ да имаме средба во Владата, за да го изнесат својот концепт, а и ние да ги информираме што се презема. Ги образложивме сите активности, и јавно ги имам кажано. Информиравме за произдовството на електрична енерегија во ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и за набавките на ресурсите.

Разговаравме за потребата што побрзо да бидат одобрени во Комисијата за финансирање и буџет и Собранието на Законот за задолжување од 100 милиони евра за ЕСМ, Законот за енергетика и Законот за нафта, како и за кратење на финансиски средства кои се со помала исполненост и прераспределба за енергетската криза.

Разговарано било и за веќе донесените решенија: префрлувањето на училиштата и здравствените установи на регулиран пазар.

-Беше реафирмирано барањето на опозицијата за префрлувањето на јавните комунални препријатија на регулиран пазар. За ова ќе се направи пресметка дали е тоа можно, рече Ковачевски.

Во однос на контактите кои опозцијата ги понуди, Ковачевски рече дека сите понуди мора да бидат доставени до ЕСМ.

-Со оглед на тоа дека се работи за контакти коишто сакаат да имаат директен контакт, кажав дека министерот за економија е задолжен да ги оствари контактите, рече Ковачевски.