ЧУПЕСКА : ПОВИЦИ ЗА ПРОТЕСТ СЕ ЛЕГИТИМНИ, НО ОДНАПРЕД ДА ОСУДУВАТЕ И ДА ПОВИКУВАТЕ НА ЛИНЧ Е ТРАМПИЗАМ

0
526

Професорката од Правниот факултет Ана Чупеска реагираше на фотографијата која беше објавена заедно со повикот за утрешниот протест пред Владата за случајот со злоупотреба на терапија на Клиниката за онкологија. Таа на социјалните мрежи објави дека да се објавуваат фотографии од наводни виновници е трампизам.

-Сите оправдано се згрозени и реагираат на онколошките монструмски сомневања; имаме, инфо дека ОЈО отворило истрага и во координација со МВР делуваат соодветно; Сите, едвај чекаме наоди и разврска ! Но, за жал,се уште има и такви кои ги злоупотребуваат и така веќе упропастените човечки судбини; има и онакви за кои презумпција на невиност не важи… се за полтичка видливост, објави проф-Чупеска.

Таа понатаму додава дек, повици за протест се легитимни.

-Ама не и однапред да ги осудувате, со фаци што сте стаиле на слики и да повикувате на линч без да имате било какви докази. Аман кое дно сте ??? Трамповци и трапчовци! Затоа, сметам дека што побрзо, најбрзо, море ИТНО, ОЈО треба да ја извести јавноста до каде се со наодите од истрагата ( ако известиле , фајн). Но, секое успорување на истрагата значи отворен простор за уште поголема злоупотреба на жртвите, објави проф. Чупеска.