УТРЕ ВО 18 ЧАСОТ ПРЕД ВЛАДА НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ,,ОНКОЛОГИЈА”

0
447

На социјлните мрежи се појави настан за организирање протест утре пред Владата во 18 часот. Во објавата се повикуваат граѓаните да излезат и да искажат револт против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија.Според објавата протестот од владата ќе продолжи пред Министерството за здравство, каде ќе повикаат на оставка и на одговорност од сите министри за здравство.

-Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години. Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен! Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, стои во објавата за протестот.