Обвинителен предлог за гостиварецот кој од Германија му се закануваше на екс премиерот Заев на Фејсбук

0
1003
Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог за гостиварецот кој пред неколку дена беше уапсен бидејќи му се закануваше на премиерот на техничката Влада на Фејсбук.

-Осомничениот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над 5 години. Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина, соопштуваат од Обвинителството.

Тој се гони за Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.