Чавков ги манипулира полицајците, Кире Наумов открива: Нема предвидено повисоки плати за МВР во 2016-та

0
1040

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов реагираше на обидот на Митко Чавков од МВР да им вети покачување на платите на вработените во МВР. Наумов наведува:

-Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков повикувајќи се на договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат од март месец 2015 година, се обиде да ги изманипулира вработените во МВР и јавноста за наводна одлука на Владата на РМ од 29.03.2016 година за зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.

Во Буџетот на РМ за 2016 година не се предвидени средства за реализирање на гореспоменатиот договор. Митко Чавков во 2015 година како актуелен Министер за внатрешни работи не успеал да обезбеди средства за зголемување на ставката исплата на плати и надоместоци, ниту Владата предводена од Груевски во предлог буџетот за 2016 година побарала од Собранието на РМ да се обезбедат средства за исплата на зголемени плати на вработените во Министерството за внатрешни работи. Потврда за ова еИнформацијата за недостиг на средства согласно објавениот буџет за 2016 година во однос на реално потребните средства за нормално функционирање на МВР за 2016 година. Дописот од МВР под бр.13.1.2-11974/1 е доставен до Владата на РМ на 24.02.2016 година. Информацијата од МВР била разгледана на седница на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на РМ одржана на 01.04.2016 година. Во врска со информацијата на МВР од 24.02.2016 година, Министерството за финансии доставило мислење до Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на РМ во кое Министерот Ставрески потврдува дека во буџетот не се предвидени средства за покачување на платите за вработените во МВР.

Митко Чавков во 2015 година во својство на Министер за внатрешни работи ги изманипулирал вработените во Министерството за внатрешни работи со тоа што не ги испочитувал одредбите од постигнатиот договор со Македонскиот полициски синдикат и не обезбедил средства во буџетот за 2016 година за реализирање на истиот.

Вчерашното соопштение на дополнителниот заменик министер Митко Чавков претставува јалов обид да ја дефокусира јавноста и да ја тргне одговорноста од себе за непочитување на договорите што самиот ги потпишал.