ЦУК : ДВА ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ШТИП И ЗЕЛЕНИКОВО, ПОБАРАНА ОД МВР И ДЗС

0
340
Центарот за управување со кризи соопшти дека активни се два шумски пожари во општините Штип и Зелениково о дека и се прошируваат, поради што е побарана помош за нивно гасење со авион и хеликоптер.

-Првиот пожар избил околу пладне на територијата на Општина Штип каде во атарот на село Пиперево е опожарена сува трева, но тој набрзо се раширил кон околната шума. Пожарникарите од локалната противпожарна единица се ангажирани на гасење на блиската боровата шума, поради што е побаранана помош од хеликоптерската единица на МВР, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Анеглов.

Вториот пожар е во Општина Зелениково во атарот на село Гумалево, каде според Ангелов пожарот излегол од контрола и побарана е поддршка од ер-трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.-Ер тракторот на ДСЗ и хеликоптерот на МВР се подготвени за полетување, изјави Ангелов.