СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во конфузија, мерките од програмата на СДСМ одлично прифатени од граѓаните

0
774

„ВМРО ДПМНЕ се во огромна паника и не знаат што пишуваат. Лагите и манипулациите веќе не поминуваат кај граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ се исплашени и во конфузија, бидејќи наспротив нивните криминални политики за коишто ќе следува одговорност, граѓаните ги прифаќаат и крајно позитивно реагираат на мерките од  Програма  на СДСМ.

Промените доаѓаат.

СДСМ во првите 100 денови ќе го укине екстерното тестирање и ќе ги растерети професорите, учениците и родителите.

СДСМ ќе го зголеми квалитетот на образованието и ќе го намали бројот на програмските содржини и предмети.

СДСМ ќе стави крај на хаосот што го направи оваа власт во образованието.

По промените на следните фер и демократски избори, сигурна и подобра иднина на граѓаните ќе обезбеди одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.