ГРАЃАНИТЕ СЕ ИЗМОРЕНИ ОД ИЗБОРИ СЕКОЈА ГОДИНА, СПАСОВСКИ: НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

0
870

“На државата во овој момент не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори затоа што граѓаните веќе се изморени од избори, речиси секоја година, а очекуваат многу повеќе да се сработи на економски план” – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

“Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на граѓаните. Другите аспекти и таа стратешка цел за почетокот на преговорите е високо на агендата и треба да биде високо на агендата на Владата, меѓутоа акцентот треба да се стави на Република Северна Македонија, на граѓаните, на економскиот стандард, на напредувањето, на сето она што го очекуваат граѓаните” – изјави министерот Спасовски.