РАБОТЕТЕ НА РЕФОРМИТЕ ЗА ЕУ, ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОП: ПРЕЧКИ НА ПАТОТ КОН ЕУ СЕ СЕКОГАШ МОЖНИ, НО НИЕ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ

0
644

“Интересот на мојата земја е стабилност и просперитет на Балканот и затоа неопходно е да сте не само членка на НАТО, туку и да бидете членка на ЕУ. Ова е наша цел со години и понатаму останува да биде наша цел” – изјави амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп.

Холандскиот амбасадор Коп смета дека иако се промени политичката рамнотежа во Северна Македонија, сепак проблемите на македонското општество не се решени.
“Важно е да продолжат реформите. Лани оваа земја стана членка на НАТО и по неколку години ќе стане членка и на Европската Унија. Во таа насока проблеми по патот секогаш ќе има како што е сега проблемот со Бугарија. Тие проблеми ќе бидат решени. Ние секогаш сме подготвени да ви помогнете да ги решите. Меѓутоа тоа што е важно е да нема големи емотивни падови и искачувања туку да се продолжи со работа. Бидејќи спроведувањето на реформите е единствениот начин да се најдете на масата на ЕУ и да имате подеднакво право на глас” – рече амбасадорот Коп.