ДАНЕЛА АРСОВСКА НА СРЕДБА СО НЕЗАДОВОЛНИТЕ СКОПСКИ ПОЖАРНИКАРИ: ИМ ВЕТИ ПОЧИТУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ЗА ИСПЛАТА СПОРЕД КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

0
1003

Пожарникарите од Скопје да добиваат плати според колективниот договор, беше главното барање од скопските пожарникари кое што е прифатено од градоначалничката Данела Арсовска.

“Договорено е дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување од колективниот договор со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите” – соопшти Град Скопје.
Пожарникарите на средбата дојдоа со барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, за исплата на К-15, за исплата на ноќна и прекувремена работа.