МИЦКОСКИ СО ОБВИНУВАЊА ДО ВЛАДАТА ЗА БУГАРСКАТА БЛОКАДА: ЗАЕВ И ОСМАНИ САМО ПОПУШТААТ А БУГАРСКИТЕ БАРАЊА СТАНУВААТ СЀ ПОГОЛЕМИ

0
1069

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини Владата дека сериозно го загрозува евроинтегративниот процес на Северна Македонија со авантуристичка дипломатија, барајќи премиерот Зоран Заев да не попушта пред максималистичките барања од Софија.

“Народот ова не го заслужува, туку заслужува да се почнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетитивни и дека заслужуваме место на иста маса со земјите од ЕУ” – изјави Мицкоски.

“Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината. А вистината, откако поинаку беше протолкуван новиот бугарски премиер, ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски, кој е најголем македономразец на Балканот, и тие кажаа што лежи зад блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека сѐ додека не биде делумно или целосно усвоена бугарската резолуција, ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ” – рече Мицкоски.