ЗВЕЗДАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД МЕЈСОН ГРИНВУД ДЕНЕС Е УАПСЕН ПОРАДИ СОМНЕНИЕ ДЕКА ЈА ПРЕТЕПАЛ И СИЛУВАЛ СВОЈАТА БИВША ДЕВОЈКА

0
841

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (20) е уапсен под сомнение дека претепал и силувал девојка, објавија англиските медиуми. ж

Да потсетиме, неговата девојка Хариет Робсон сподели слики од нејзиното крварење со натпис: „Ова го направи за мене Мејсон Гринвуд“. Таа објави и фотографии од други повреди и звучна снимка од расправија на која и се заканува машки глас.

-Полицијата претходно денеска дозна за фотографии и видеа на социјалните мрежи каде жена пријавува физички напад. Покрената е истрага против маж на возраст од дваесетина години и можеме да потврдиме дека тој е уапсен поради сомнение за силување и физички напад. се вели во соопштението наполицијата.

Иако неговото име никаде не се споменува, сите информации се совпаѓаат и јасно е дека станува збор за англиски фудбалер. „Дејли мејл“ објави и снимки на полицијата пред домот на фудбалерот.