КОВАЧЕВСКИ : УЧЕНИЦИТЕ НА ОУ ,,КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ” ВО ПРИЛЕП ДОБИЈАА ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА СПОРТСКА САЛА ПО 60 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО

0
826

Учениците од ОУ „Кире Гавриловски – Јане“ во Прилеп добија целосно реконструирано училиште и спортска сала по 60 години од основањето на училиштето.

Благодарение на реконструкцијата, денеска во оваа сала започнува првиот подготвителен натпревар за регионалниот турнир во одбојка.

Ова основно училиште е едно од најстарите училишта во општина Прилеп, а направените темелни инфраструктурни зафати значат услови за современа настава и обезбеден е пристап за учениците со попреченост. Со силна финансиска поддршка од Владата продолжуваме со вложување на локално ниво во подобри услови за образование и иднината на нашите деца.

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски.