АРСОВСКА: ИМ ВЕТУВАВ БРДА И ДОЛИНИ НА СКОПЈАНИ И СЕ ШТО НАПРАВИВ ЗА 3 МЕСЕЦИ Е НИВЕЛИРАЊЕ НА 60 ШАХТИ И СТОП НА МЕТРОТО, КОЈ ГИ ВРТИ КОГА СЕ ГЛУПИ ДА НАСЕДНАТ КАКО КЛЕНОВИ

0
1090

(Насловот е уредничка парафраза на кажаното од Арсовска, не се работи за цитат)

Данела Арсовска, давајќи отчет по 82 дена минати од својот мандат како градоначалник на Град Скопје, меѓудругото демантирајќи го СДСМ дека е нивелирана само една шахта откако ја има превземено функцијата.

Младината на СДСМ пред два дена и остави подарок шахта на Арсовска пред нејзината канцеларија затоа што, како што тврдеа тие, само тоа го има сработено досега. Градоначалничката претходно објави фотографија на Фејсбук како заедно со екипа на Град Скопје врши увид на нивелирање.

Сепак Арсовска денеска тоа го демантираше и наведе дека комуналното претпријатие „Улици и патишта“ израмнило 62 шахти.

„Досега се нивелирани 62 шахти, а тоа е нешто што треба да биде нивен срам, а наша гордост. Со тоа се намалуваат оштетувањата на автомобилите, кои во минатото биле предизвикани затоа што не биле соодветно поставени долж коловозите. Оваа активност продолжува, овие проблеми не треба да бидат најгласни кога некој ги решава“, рече денеска Арсовска на отчетот.