ПУКАЊЕ ВО ПРИЛЕП – ПАЗАРЏИЈА КОЈ ПРОДАВАЛ НА ДИВО СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ПРЕГАЗИ ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ СО КОМБЕ ПРИ ШТО ЕДЕН ОД НИВ ПУКАЛ ВО ГУМИ ЗА ДА ГО СОПРЕ И ДА СПРЕЧИ ПОГОЛЕМА ХАВАРИЈА

0
902

Полицијата го приведе 53-годишниот Н.К. од Ресен кој со неговото комбе се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник откако бил отстранет од Градскиот пазар Припел каде продавал производи.

Од МВР информираат дека полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.

Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.