ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА, ЗОРАН КОЊАНОВСКИ ПОВРЗАНО СО НАША ОБЈАВА ОКОЛУ ЧЛЕН НА НЕГОВО СЕМЕЈСТВО

0
2414

Редакцијата на ,,Народен Глас” на 24.06.2022 синоќа објави информација изворно од билтенот на МВР каде лице блиско до семејството на Зоран Коњановски било приведено поради наркотици и прашкасти материи. Во прилог ви ја пренесуваме изворната информација во целост

  • На 24.06.2022 на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

По извршената брза проверка од нашата редакција утврдивме дека не се работи за лице кое е член на семејството на екс министерот за одбрана, Зоран Коњановски објавата е веднаш повлечена и притоа јавно се извинуваме за нашата грешка и лоша проценка.

Нашата редакција служи и работи во интерес на јавноста и на само тој начин се надеваме да ги придобиеме нашите читатели. Истовремено нашата редакција и ,,Народен Глас” не се служи со јавна клевета, инсинуации или изнесување на било каков вид на невистинити информации.

Со почит,

Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”