КОСТОВСКИ : ОПОЗИЦИЈАТА КРЕИРА УСТАВНА КРИЗА, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ

0
333

Опозицијата со маестрални и театарски претстави во Комисијата за избори и именувања, со филибастеринг се обидува да ги оспори предлозите за уставни судии од мнозинството. Како одговорни пратеници ние нема да дозволиме уставна криза, како што не дозволивме ни парламентарна криза, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека до крајот на неделата ќе може да се изберат двајца уставни судии кои веќе го поминаа филтерот на Комисијата за избори и именувања.

-Уставни судии се бираат по постоечка законска регулатива, каде има определни критериуми и ние не може да работиме поинаку. Предлагам во блиска иднина да седнеме и заедно со консензус да разговараме за промени на законот за избор на уставни судии со цел да имаме поквалитетен, потранспарентен и заеднички избор на судиите, рече Костовски.