Ливерпул го договори Клајн

0
1116

Левиот бек на Саутемптон, Натанијел Клајн (24), кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, пренесоа англиските медиуми. Ливерпул за Клајн ќе плати 10,5 милиони фунти, а договорот ќе биде потпишан кога фудбалерот ќе се врати од одмор.

clynedfr

Клајн е четврти играч на Саутемптон кој во период од 12 месеци се сели во Ливерпул, минатата година во овој период на „Енфилд“ се преселија Рики Ламберт, Адам Лалана и Дејан Ловрен.

Ливерпул веќе донесе шест нови имиња во тимот, пред Клајн соработка со „црвените“ договорија Милнер, Ингс, Богдан, Гомез и Фирмино.

Од друга страна Саутемптон веќе најде замена за Клајн, за 3,5 милиони фунти во клубот пристигна Седерик Соарес од Спортинг Лисабон.