ТАЧИ ВОЈВОДА МУ ЗГРМИ НА ДУИ И ИВЗ : Бујар Османи и ИВЗ се виновни за зголемениот број заболени од ковид-19

0
1376

Првиот човек на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, ги обвини вицепремиерот Бујар Османи и Исламската верска заедница (ИВЗ) дека е нивна вина што скокна бројот на новозаразени од ковид-19. На денешната прес-конференција во Тетово, тој изјави и дека сите се наоѓаме во многу тешка ситуација, но дека има луѓе кои се однесуваат неодговорно, пренесе СДК.МК

„Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница, кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите за Рамазан бајрам, се главните виновници за оваа ситуација. Не можеме да ги прифатиме квалификациите дека Албанците се познати во Македонија по тоа што не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата. Имаме конкретни бројки кои укажуваат дека ние, Албанците, заедно со другите граѓани успеавме 90 дена убаво да се бориме со пандемијата. Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната ИВЗ да има материјални добивки и правеа огромен притисок, сега треба да се чувствуваат одговорни. И тие се единствените одговорни за оваа ситуација. Апелираме до граѓаните во оваа тешка ситуација да ги почитуваат правилата. Знаеме дека е тешко да се остане дома повеќе од 48 часови, но нема друг начин“,изјави Мендух Тачи.