КФОР ГИ ПОВИКА ПРИШТИНА И БЕЛГРАД ДА ПРЕЗЕМАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА СОСТОЈБАТА ВО СЕВЕРНО КОСОВО

0
846

-Со цел да се избегне судир меѓу страните и да се минимизира опасноста од ескалација, мировниците на КФОР ги спречија заканите по живот на косовските Срби и Албанци. Обете страни треба да ја преземете целосната одговорност за тоа што се случи и да спречите натамошна ескалација, наместо да се криете зад лажни приказни, им порача КФОР на Приштина и Белград.

Во соопштението се наведува дека во текот на вчерашниот ден 30 војници се повредени во општина Звечане, како последица на насилството на српските демонстранти. Во протестите 11 италијански војници и 19 од унгарскиот контингент се здобиле со повеќекратни повреди, меѓу кои со скршеници и изгореници од запаливи и експлозивни средства. Нивните повреди, наведува КФОР, не се опасни по живот.

-Мисијата на КФОР предводена од НАТО го зголеми своето присуство во четирите општини во северно Косово, со цел да се намали опасноста од ескалација откако новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат должноста. Трупите на КФОР подоцна беа нападнати од масата која стануваше сè поагресивна. КФОР секогаш дејствува решително и умерено, во рамки на Стриктните правила на ангажирање (РОЕ). Во овој случај тој одговори на неиспровоцираните напади на една насилна и опасна маса, извршувајќи го мандатот доверен од ООН на непристрасен начин, се вели во соопштението.КФОР напоменува дека командантот на мисијата, генерал-мајор Ангело Микеле Ристуќа, лично го следи развојот на настаните.