Николовски: Корупцијата е зло, граѓаните денес слободно се спротиставуваат, а власта одговорно реагира

0
701

„Секако, како и во секое друго општество, така и кај нас, корупцијата е зло кое ја јаде демократија, инситутциите, човечноста, државата и ја намалува довербата кај граѓаните кон институциите, и затоа секоја држава се бори да го намали и елиминира тоа зло.

Состојбите во општеството се тие, имаме напластени проблеми со децении и треба една нова генерација политичари, ослободена оид сите товари, да и се даде прилика да покаже решителност и борбеност. И затоа таа позиција е поставена во Владата, еден вицепремиер што ќе се занимава со овој проблем, со ова зло кое ги разочарува граѓаните и младите.

И овој период мораме да се посветиме, покрај решените крупни прашања за државата, овој е еден од суштинските проблеми, но имаме сега кој да се занимава со него.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во интервјуто на телевизија 21.

Со овој одговор тој сакаше да потенцира зошто перцепцијата на граѓаните е на такво ниво, како што бележат извештаите на организациите. Токму отвореноста на владата кон ваквите случаи и почетокот на пријавувањето на коруптивни случаи од страна на граѓаните кај институциите, имаат влијание во перцепцијата на корупцијата. „Сега имаме општество кое што е отворено, граѓаните без да се грижат за некакви последици тие пријавуваат незаконитости, недоследности, случаи со корупција. Исто, треба да бидат охрабрени и новинарите и медиумите да доаѓаат до информации, затоа што сите се бориме.

До пред некоја година еден човек беше судија, обвинител и адвокат и затоа е добар овој квалитет што го поставуваме, да имаме отвореност, транспарентност и да го чуваме и да го градиме таквиот квалитет. Ќе имаме кол центар за централизирано да се пријавуваат сите случаи на корпиуција, но и сите неодследности во функционирањето на институциите, да имаат граѓаните увид во постапките, да ги охрабраиме граѓаните, како ние што се придиржуваме до кодексот за функционери, така да го поправаме и општеството“- истакна Николовски.