ТАКСИТОТ ЈАВИЛ КАДЕ Е ТЕРОРИСТО; ВУЧИЌ СО ДЕТАЛИ : ОД ЗАТВОР НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ!

0
487

Нападот во Младеновац, Србија, е терористички чин. За ова е дециден претседателот Александар Вучиќ. Тој кажа дека се изгубени животи на многу граѓани и дека се сочувствува со семејствата и сите граѓани.
„Ова е напад на целата држава, секој граѓанин тоа го осеќа. Ако сум поборник на теориите на заговор, ќе имав што да кажам. Изгубивме многу деца, многу граѓани. По убиството на децата, сите бевме во состојба на шок“, рече Вучиќ.

Синоќешниот напад, Вучиќ го карактеризираше како терористички.„Нашите служби имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот. Лицето е уапсено и светлост во денот, нема да види. Од затвор нема да излезе“, додаде Вучиќ.Тој се заблагодари и на таксистот кој дојавил на полицијата каде се наоѓа убиецот од Младеновец, бидејќи имало такви кои знаеле но не дојавиле.

Припадници на МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У.Б.(2002). Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14. Повредените лица се згрижени во болниците.
Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан, според медиумите во соседството. Министерството за здравство на Србија итно апелираше до граѓаните доброволно да даруваат крв за повредените. Во неколку болници во Белград и во Смедерево се згрижени лицата повредени во синоќешното крвопролевање кај Младеновац во Србија.„Телеграф“ пишува дека има осум повредени во Ургентниот центар во Белград, двајца во КБЦ Драгиша Мишовиќ, а тројца во Смедерево.