ВМРОВЦИТЕ ФАТЕНИ НА ДЕЛО КАКО СУШАТ ЛАЖАТ : Николоски пласира лажна вест за затворање на Дрекслмајер, а од таму велат не затвораат туку ќе го шират производството

0
793

Голема паника денеска создаде во Тиквешијата  тврдењето изнесено на предизборен митинг во неготинското село Криволак од носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица Александар Николовски, дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“. Тој обвинувајќи ја  СДСМ посочи дека се затворале фабрики во минатото, а сега се затвораат и новите.

„Беа на власт во деведесетите години ги затворија сите големи гиганти кои тогаш постоеја. Еве ги на власт овие три години пак ги затвораат новите гиганти. Ако во деведесетите години ја затворија фабриката за кабли во Неготино, сега ја затвораат фабриката „Дрекслмајер“ рече Николовски.

Стапивме во контакт и со службата за односи со јавноста во оваа германска компанија во која се вработени близу 6000 луѓе од тиквешијата и околните градови. Рекоа дека станува збор за лажна вест и дека тие напротив планираат да го зголемуваат производството.

Истото во изјава за канал 77 го потврди и градоначалникот Митко Јанчев.

„Јас сум изненаден од таквите шпекулации. Имам чести комуникации со менаџментот. Имав комуникација и сега и тие се изненадени од таквите шпекулации. Дрекслмјаер не се затвора, туку напротив, од август почнува со сто процентно производство и ќе се примаат уште работници. Дрекслмајер за наредните пет години има менаџментски  договори  и планови за работи“ изјави Јанчев и апелираше до политичките партии за време на предизборна кампања да не ги мешаат приватните комапнии во нивните настапи.