СЛИКИТЕ НА ФЕЈСБУК ГО ИЗДАЛЕ – ГРУБИ ЈА КОРИСТЕЛ КАНЦЕЛАРИЈАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ

0
420

Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на Министерството често пати ги употребувал за одржување состаноци за партиски цели.

– Фотографии и линкови од профилот на Фејсбук на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во Министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство – рече Ивановска.Имајќи предвид дека ваквото однесување не е во согласност со кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.