Криминалците Груевски и Јанакиески пристигнаа на првата попатна станица до Идризово – се појавија во Кривичниот суд

0
1361

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска се појави во Кривичниот суд во врска со случајот за нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар, пренесува 24 Вести.

Покрај него, во судот се појави и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и двајца советници од општина Центар.

e95f2c6fe64c394aaa6730769039803f

Случајот го води судијката Татјана Михајлова, која од почетокот на декември е вршител на должност – претседател на Основниот суд Скопје 1 а обвинителка е Фатиме Фетаи. На 15 септември годинава, Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против Груевски, Јанакиески и уште три други лица кои се товараат за нарачување на насилството во општина Центар.

Кривична пријава е поднесена уште за 9 други лица за извршување на нарачаните кривични дела во јули 2013 година. Според СЈО, првообвинетиот Груевски, во случајот кој почна да се отплеткува по објавените прислушувани телефонски разговори од опозицискиот СДСМ, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

Адвокатот на Груевски, Никола Додевски потврдил дека нема повторно да бараат одложување на рочиштето. Минатиот пат Додевски барал нов термин за судењето поради, како што рече, големите обврски како претседател на адвокатската комора.