РЕЖИМОТ УШТЕ НЕ ВРАТЕН, ПОЧНА ДА СЕЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ: МЕ ВИКНАА ВО ПОЛИЦИЈА ОТИ СЕ ПОШЕГУВАВ ДА ШКРТНАТ „СЕВЕРНА“ НА ЛИВЧЕТО ОНИЕ КОИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ЕДНА ОД ПАРТИИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКА ГАЛЕТАНОВСКИ

0
714

Од денеска во сила е предизборен молк до завршување на гласањето за парламентарните избори задутре (15 јули). – Ѓорѓи Галетановски (Фото: Фејсбук)

Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски бил повикан да даде исказ во полиција оти на Фејсбук напишал тие што ќе ја заокружат бројката на една од партиите на гласачкото ливче да шкртнат „Северна“.

Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК  вели дека денеска околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава во врска со објавата на Фејсбук.

„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, вели Галетановски.

Од денеска во сила е предизборен молк до завршување на гласањето за парламентарните избори задутре (15 јули).