СОВЕТНИКОТ ТОМИСЛАВ ЛАЗАРОВ ГО НАКОДОШИ МИЛЕ МИ ТЕКНА ЗА ШАМАРИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР И ДОБИ ШЕСТ МЕСЕЦИ УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР : Не сум крив, Миле ми текна ме натера!!!

0
2716

Томислав Лазаров е виновен за дело – насилство во случајот со нарачаните шамари во општина Центар, во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На Лазаров му е определена алтернативна мерка -шест месеци условна казна ако во рок од две години не стори кривично дело.

Во случајот за насилството во Општина Центар за време на две седници на советот во јуни 2013 година, обвинети се вкупно 14 лица, од кои првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а веднаш по него е екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Обвинета е и тогашната советничка во советот, а сега пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. За нив, како и за останатите обвинети судењето продолжува, додека за Лазаров постапката беше раздвоена по признавањето на вината.