Заев има историска шанса да постане македонскиот Елиот Нес

0
1789

Многумина ја слушнале или прочитале верзијата за познатиот агент кој имал историска улога во  1957 околу разбивањето на криминалната банда на Ал Капоне кој подоцна објави книга со наслов ,,Недопирливите”.

zoranzaev-eliotnes

Приказната на авторот е со многу пукање, Елиот Нес и неговите некорумпирани луѓе во Бирото за прохибиција кои се борат против гангстерот од Чикаго, Ал Капоне, се претвори во огромно богатство од непроценлива вредност. Се продаде во над еден милион копии. Доведе до снимање на познатата телевизиска серија и холивудски блокбастер. Тaа го лансираше Нес во американскиот пантеон на икони во борбата против криминалот. Тој беше вистински Гари Купер во „Точно напладне“, Вајат Ерп во Големата депресија – херојот што дојде да не’ спаси од лошиот човек во мракот.

Кога пишувам Заев како Елиот Нес, сигурно ќе се запрашате зошто лидерот на опозицијата Зоран Заев а зошто тоа не е идниот јавен обвинител во Македонија кој ќе има историска можност да ја испише македонската верзија од книгата на Елиот Нес ,,Недопирливите” на Ал Капоне, само овој пат тоа не се на Ал Капоне туку на премиерот Груевски и неговата свита од криминалци од околу 10-тина со тешки кривични дела.

Јавниот обвинител кој би го наследил Зврлевски во преодната или експертската влада која ќе биде составена пост заминувањето на Груевски како премиер треба да овозможи правен процес во кој на пиедесталот ќе се искачат аферите со криминалните бомби од проектот на опозицијата ,, Вистината за Македонија”. Процес кој ќе отпочне постапка со притвори, судења и осуди за криминалната банда на Груевски која 10 години грабала се што не е во нејзин посед, се што некој друг стекнал а тие никогаш го немале и се однесуваат како мало дете во продавница за играчки, потоа истурањето на нивните фрустрации, изливот на комплекси и трауми од детството или од одредени персони кои нив не им се допаѓаат врз целиот народ на Македонија, зацрнувањето на цели фамилии со месеци, години во притвори за банални причини или во дел од случаите и без докази само со заштитни сведоци, кој домашни кој грчки како што е Манолис и слично. Ова зло со право припаѓа на Зоран Заев.

Обвинителот на експертската влада може да ги покрене тие постапки но сепак е тоа пре кус период за да се напика позади решетки во Шутка и Идризово оваа корумпирана банда на власт и стожерот нејзин Никола Груевски, но по добивање на власта Заев ќе биде македонскиот Елиот Нес кој ќе ги лови и кој ќе им наплати за злоделата и геноцидот врз македонскиот народ на хоштаплерите на власт,и таа поддршка кон него треба да продолжи и понатаму.

Со непопустливоста на Заев се гледа слободата на државата и народот, се гледа иднината и перспективноста на младината и економијата но и решителноста за справување со криминалци како што се овие од Илинденска бб. Некој ќе каже само Заев го пофалувам , да, го пофалувам Заев затоа што верувам дека ќе успее во неговата историска улога и шанса да стане македонскиот Елиот Нес, по поставување на независен јавен обвинител Заев ќе мора да ја спроведе историската улога во Македонија,а тоа е буквално испишување на книгата ,,Недопирливите” , полнење на затворите во Идризово и Шутка со криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, полнење на ќелиите додека има место во нив со криминалната банда од ВМРО-ДПМНЕ а потоа ако овие две установи се исполнат и во нив нема место тогаш да следува изградбата на новиот голи оток ,,Криволак” и таму да се продолжи со испишувањето на книгата ,,Недопирливите”.

Пишува : Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”