ТАРАВАРИ ДОБИ ПОДДРШКА ОД 75 ЧЛЕНОВИ ОД СОБРАНИЕТО НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

0
223

Првата битка во „војната Таравари-Села“ ја доби актуелниот лидер на Алијанса за Албанците.

Ова е накратко опис на вчерашниот состанок на Централното претседателство на партијата во Куманово кое му даде поддршка на претседателот на партијата кој одлучи да се приклучи кон опозицијата.

На состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер Таравари.

Декларацијата е потпишана од уште десет делегати кои не присуствувалe на вчерашниот состанок на Централното собрание.

Сега останува да се види реакцијата на Зијадин Села кој за утре во Скопје закажа Централно собрание. Се очекува да се види колку од делегатите ќе му дадат поддршка нему за партијата АА самостојно да излезе на следните избори.