СЕ ЗАЈАКНУВА ЕНЕРГЕТСКАТА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА, ЗАЕВ: ПОТПИШАН Е ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ ЗА ГАС ОД ГРЦИЈА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
756

“Потпишан Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија!

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија, Костас Скрекас денеска во Атина го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Грција.

Со договорот се гарантира намерата на владите на двете земји да ја прошират соработката во секторот за гас, преку промовирање на интерконекцијата на гасните системи.
Ова е голем чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура на нашата држава и во регионот и придонес кон обезбедувањето разновидност во снабдувањето со природен гас. За нас, една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрувањето на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Северна Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор.”
– ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ