РЕЖИМСКАТА ВМРО-ДПМНЕ ТРГНА ДА ЈА СПАСУВА МАКЕДОНИЈА, ДРАГАН КОВАЧКИ: ЌЕ СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НЕПОТИЗМОТ ВО ОДБРАНАТА И КРИМИНАЛИЗИРАНОСТА НА МВР

0
987

Партискиот полковник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки беше гостин во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа.
Остро ги нападна политиките на власта на СДСМ во склад со неговата партиска агенда глумејќи лажна искреност и загриженост за состојбите во државата.
Тој тврдеше дека на МВР поради непрофесионализам и политички потези, лесно му се пробиваат акции против крупни криминалци и тоа сериозно го доведува во прашање кредибилитетот на институцијата кај меѓународните партнери. Поради тоа, ДЕА тргнала самостојно да апси криминогени сдсмовци во транзитот на дрога од пред неколку дена и само на пет минути пред таа акција, формално го известила врвот на МВР со цел да не му се даде доволно време за да ја уништи акцијата.
Потоа ја обвинуваше министерката Шекеринска и раководството на министерството за одбрана за непотизам и кронизам во врска со распоредувањето на воени лица и помошен персонал во странски мисии. Ковачки рече дека постојано ќе ја зборува вистината во јавност за да се подобреле состојбите во безбедносните ресори, дека не се плаши од никакви закани и санкции од министерството за одбрана, па ниту од бркање од работното место.
Како аргумент ја наведе мантрата дека ВМРО-ДПМНЕ уште од 1990 год. била за евроатлантски интеграции а СДСМ за останување во југословенска федерација и дека сега истите лица од СДСМ како Шекеринска мистериозно станале посветени Европејци и го третирале раководството на ВМРО-ДПМНЕ како антизападно.