ПЕТРОВСКА : ДПМНЕ НЕМА ПЛАН ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА

0
250

Доведени сме до оваа ситуација, со евроинтеграциите заради немањето храброст на ДПМНЕ да донесе, барем еднаш во историјата на своето постоење, државничка одлука за доброто на државата, истакна членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска на Канал 5 тв.Таа нагласи дека ДПМНЕ сега треба да им каже на граѓаните дали после избори, ако тие ја добијат власта, ќе продолжи европската интеграција на нашата држава или не, и јасно да кажат кој им е планот Б.

– Пред некое време кажуваа дека имаат план што нема да го кажат, ЕУ да го промени ставот. Велеа дека имаат план и начин. Нели пасошите ќе ги продолжеа? Се продолжија? Не. Зошто не ја убедија амбасадорката на Грција? Немаат план. Ниту имаат начин – рече Петровска.Таа нагласи дека нечесно е да кажуваат дека имаат план, а да не го објавуваат.

– Очигледно планот им е како со пасошите, истака Петровска, додавајќи дека освен празни флоскули, ДПМНЕ храброст ниту имало, ни има, нивен единствен интерес е да дојдат на власт.

Во ЕУ нема меници како во ДПМНЕ. Таму се сериозни политички лидери кои даваат сериозни политички изјави, нагласи Петровска, додавајќи дека ако на ДПМНЕ им требаат изговори, тогаш се совршено добри да наоѓаат изговори за нештото да не го направат.