ПО САМИТОТ БАЈДЕН-ПУТИН ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ОДВОЕНИ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРЕГОВОРИТЕ НА ДВЕТЕ СУПЕРСИЛИ

0
1121

Американскиот претседател Џо Бајден ќе одржи самостојна прес-конференција по самитот со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи смета дека е најсоодветна форма на директна комуникација со слободните медиуми.

Бајден ќе се сретне со Путин на 16 јуни во швајцарска вила од 18-ти век со поглед на Женевското езеро, кога двајцата лидери ќе треба да разговараат за стратешката рамнотежа, нуклеарната стабилност и за влошените односи меѓу Москва и Западот.

“Очекуваме овој состанок да биде искрен и директен” – изјави претставник на Белата куќа.