СТАНКОСКИ : И ПОКРАЈ ВОЕНАТА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ТКП РАБОТИ СО ПОЗИТИВА И ДОБИВКА, ЛАНСКАТА 2022 ЗАВРШИ СО 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА

0
278
  • Сегашната економска, пред сé енергетска, не дозволивме да се одразат негативно на ТКП. По започнувањето на добриот тек на позитивни финансиски резултати и со излегувањето од листата на загубари, нормално е дека стравувавме. Со добар план и работна стратегија успеавме и 2020 година да ја завршиме позитивно, дури и со поголема добивка од претходната 2019 година, кога таа изнесуваше половина милион евра. Во 2021 година, исто така остваривме пораст на  добивката од 2,2 милиони евра.

    Ланската, 2022година ја завршивме исто така со позитивни финансиски резултати, односно со остварена добивка од речиси 2,3 милиони евра и покрај зголемените оперативни расходи, највеќе изразени преку зголемените цени на енергенсите. И двете години можеме да ги оцениме како исклучително успешни бидејќи добивките ни се четирикратно зголемени во однос на 2019 и 2020 година.

    Ваквите резултати значат дека друштвото ги исполнува планираните параметри,со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

Кире Станкоски, генерален директор на ТКП во интервју за порталот ,,Фактор.МК”.