СТАНКОСКИ : ПАРТНЕРСТВОТО ПОМЕЃУ ТКП И ФИЛИП МОРИС ПРИДОНЕСЕ ДА СЕ ПОЧНЕ СО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО ОТКАКО Е ИЗГРАДЕНА ФАБРИКАТА, СЕ РЕНОВИРА ПРОИЗВОДНАТА ХАЛА СО ПОВРШИНА ОД НАД 5.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ, ДЕНЕС ТКП Е НА ПАЗАР СО КВАЛИТЕТНИ БРЕНДОВИ

0
428
  • Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството и за првпат откако е изградена фабриката, во Тутунски комбинат се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни.

    Направени се и инвестиции во производствениот процес како нови машини за производство,модернизацијата на производната хала, што резултираше со отпочнување напроизводство на зголемен број брендови од портфолиото на Филип Морис Интернешнл, меѓу кои и една од најпознатите трговски марки меѓу сите производи за широка потрошувачка и светски број еден меѓународен бренд за цигари во изминатите 50 години. Денес во ТКП се произведуваат квалитетни брендови кои на пазарот се пласираат преку заедничката компанија ФМТКП.

Кире Станкоски, генерален директор на ТКП во интервју за порталот ,,Фактор.МК”.