АПЕЛАЦИЈА ЗА ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО : 9 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ НА СЛОБОДА УСЛОВНО

0
837

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат како „Плацеви на Водно“, донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Никола Груевски од Скопја и на правното лице ДТУОР Л.К.Ц. ДООЕЛ С., а делумно ја уважи жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков од Скопје. Истовремено, ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Апелациониот суд Скопје пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во осудителниот дел под I од изреката, ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција на начин што:

– на обвинетиот Н. Г. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст.1 од Кривичниот законик, му се утврдува казна затвор во траење од 7 (седум) години, а за кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3 – три години и 6 – шест месеци и согласно чл. 44 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 9 – девет години.

– на обвинетиот С. М. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 став 1 в.в со член 24 од Кривичниот законик, му се изрекува алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА така што одмерената казна затвор во траење од 1- една година и 3 – три месеци, во која му е засметано и времето поминато во притвор, сметано од 22.12.2021 година до 29.12.2021 година се зема за утврдена и се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 4 – четири години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.