ЛЕФКОВ : КАКО ОДЛУЧУВААТ КОИ ЗАКОНИ ЌЕ БИДАТ НА ДНЕВЕН РЕД ? ЗЕНДЕЛИ : ЗА ДУИ ГРАЃАНИТЕ СЕ ТЕХНИЧКИ„ТЕХНИЧКИ“

0
252

Лефков:

Новинарите му беа добри на Бектеши кога се шеташе заедно со премиерот по маркетите, истиот тој човек кој што спојуваше концесиим и ги лажеше своите министри. Овој е човек кога имаше најголема криза ги замрзна цените на земјоделските производи а не ги замрзна репроматријалите. Овој човек кој што има само една лојалност по име и презиме Ахи Ахмети,нема лице да зборува за лични интереси. Како одлучуваат кои закони треба а кои не треба да се најдат на дневен ред? Зад неговите обвинувања се крие стравот од слободата на медиумите и она што може да се види е само врвот на ледената санта на нивното влијание и врз медиуми и врз комисијата за европски прашања а со цел да го заштитат снивниот партиски интерес. Борбата со пиратерија кој што е еден од основните принципи кога станува збор за ЕУ неговиот партиски другар одби дури и да го стави на гласање.

Зендели:

ДУИ ги гледаат сите граѓани како технички, а не како политички суштества. Бектеши има одговорност и треба да ги решава проблемите, не да излегува на прес и да вели зошто некои поради лични интереси не присуствува на неговиот прес. Самиот вели дека негови колеги не се согласуваат со нивните ставоти. Тие треба во владата да ги усогласат ставовите. Но во предизборие сме и на некој начин господинот го изгубил патот во својот двор и гледа дека граѓаните не ги јадат тие лаги што ги пласираат во јавноста а кај албанците особено дека веќе сакаат промена, промени и нови перспективи, доста им е од коруптивните скандали на функционерите на ДУИ.

Извор : Канал 5