БОМБА НА КЛАН МАКЕДОНИЈА : АРБЕН ТАРАВАРИ НА СРЕДБА СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ!

0
479

Извори на Клан Македонија информираат дека во текот на вечерните часови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, била одржана средба на првиот човек на АА, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Клан Македонија има и фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Не се познати деталите од средбата на двајцата лидери, која доаѓа во време кога веќе се прават партиски позиционирањa околу годинешните избори.

Инаку, средбата Мицкоски-Таравари доаѓа по средбата на албанската опозиција заедно со лидерот на АA, со премиерот на Косово, Албин Курти и на денот на почетокот на работата на техничката Влада со премиер Талат Џафери.