КАНДИДАТОТ СО НАЈДОБАР РЕЈТИНГ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ОД СЕКОЈА ОПШТИНА ЌЕ БИДЕ НОМИНИРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, ЗАЕВ: ИМАМЕ ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗАТОА ШТО ЌЕ ПОНУДИМЕ ОДГОВОРНИ ЛУЃЕ

0
1177

“Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати,  звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не’ прави фаворити на изборите. Покрај тоа што водиме по анкетите и довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови” – рече премиерот Заев за време на неговата посета на Битола.

Претседателот на СДСМ, Заев рече дека првите внатрепартиски истражувања покажуваат фаворитска улога и за сегашнатаа градоначалничка на Битола, Наташа Петровска но и за уште неколку квалитетни луѓе.

“Според истражувањaтa, градоначалничката Наташа Петровска е еден од најдобрите градоначалници во државата, ама тоа го мисли Зоран Заев. Да видиме битолчани што мислат. Првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за неа и за уште неколку наши квалитетни луѓе овде. Но се надевам дека втората и третата анкета кои што се во тек, ќе го кажат конечното, затоа што само тогаш можеме да кажеме дека ги слушаме граѓаните кои ни даваат мандат да сработиме и да оставиме зад себе задоволство. Секој пат можеме повеќе. Тоа што е сработено во Битола во минатите години, мислам дека покрива два до три мандати на поранешните градоначалници што оставиле” – резимираше премиерот Заев.