Преку ден позната олимпијка – ноќе елитна проститутка!

0
1676

favor-hamilton-tns682-4_3-534x400

Американската атлетичарка Сузи Фејвор Хамилтон, некои ја паметат по настапот во финалето на 1.500 метри на Олимписките игри во Сиднеј. Но, други ја знаат како елитна просѕотутка во Лас Вегас! Тројната олимпијка и една од најдобрите американски атлетичарки на средни патеки во деведесетите години, во книгата со нејзините мемоари „Брза девојка. Живот во бегство од болеста“ што ќе ја промовира деновиве, за прв пат ги открива деталите од нејзиниот двоен живот – преку ден успешна спортистка , а преку ноќ елитна проститутка во Лас Вегас.

Таа истакнува дека целиот свој живот го поминала во трка, не само во трка со времето на атлетската патека, туку и бегајќи од својата ментална болест. Сузи Фејвор Хамилтон боледува од биполарно растројство и ова менатлно пореметување и го уништува животот.

suzy-favor-hamilton-ro

Тоа не беше Сузи . Секогаш настојувам да нагласам дека тоа не бев јас. Тоа беше мојата болест. Единствен збор што го повторувам е „срам“. Тој те зграбува и не те пушта, не можеш да се опоравиш и никогаш нема да ти биде подобро. Јас нема да дозволам тоа да ми се случи. Нем ада дозволам тој чин да ме уништи“ – изјави Сузи Фејвор Хамилтон пред американските новинари.

Оваа позната американска атлетичарка која настапи на ОИ 1992 во Барселона, ОИ 1996 во Атланта и на ОИ 2000 во Сиднеј кога падна во последниот круг и се откажа, во својата книга признава дека во финалето во Сиднеј намерно паднала кога видела дека нема да го освои златниот медал. Таа во 2012 година се најде во средиштето на голем скандал кога беше откриен нејзиниот двоен живот и тајниот идентитет на елитна проститутка под името „ Кели Лунд“.

Фејвор Хамилтон која денес има 47 години во книгата со мемоари во која има и многу интимни детали, открива дека во проституцијата се чувстувала подобро отколку на Олимпијада.

Кога почнав тоа за мене беше подобро од трка на Олимписки игри. Но, сето тоа беше грешка, една голема грешка“ – пишува поранешната олимпијка која својот двоен живот по американски модел го спакува во книга.

suzi