СРБИЈА СО ПОДДРШКА ОД ЕУ ЌЕ ГИ ПОДОБРИ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ВРСКИ СО НАС, БРНАБИЌ: НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ЌЕ НИ БИДЕ МОДЕРНОТО ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕКУ КОРИДОРОТ 10 СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
757

Српската премиерка Ана Брнабиќ за време на денешната посетата на јужна Србија говореше за развојните проекти во инфраструктурата кои што треба да се реализираат во наредниот период. Најголем капитален проект во Србија ќе биде модерната железница долж Коридорот 10 со поддршка и од ЕУ.

Тоа ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на ЕУ во Западен Балкан. Само за делницата од Белград до Ниш, Србија ќе добие 600-700 милиони евра неповратни средства.

Таа изјави дека се прави проценка на вредноста на железничкиот коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и Северна Македонија.