ЗАПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ БУЛЕВАРОТ АСНОМ, ШИЛЕГОВ: ЌЕ ОВОЗМОЖИМЕ УШТЕ ЕДЕН КОРИДОР ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ СО ЦЕНТАР

0
759

“БУЛЕВАР АСНОМ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ И ПРОБИВА НИЗ КЕРАМИДНИЦА КОН АЕРОДРОМ

Изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година, но за жал заради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство за вистинските приоритети неговата изградба секогаш била одложувана за некои подобри времиња, а тие подобри времиња се денес.
Со изградбата на овој коридор граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот, кое освен за автомобилскиот сообраќај, ќе биде поврзано и со велосипедски патеки, а по истиот ќе се движат и нови автобуски линии.
Исто како и остатокот од булеварот и во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ