БОМБА НА ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ : ВЛАДАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ИМ ДОДЕЛИ НА 22 ОПШТИНИ 609 МИЛОНИ ДЕНАРИ, НА ПРИЛЕП ИМ ДОДЕЛИ 40.540.000,00 ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦЕВКОВОД СО ГЛАВЕН ДОВОД НА ВОДА ОД ИЗВОРИШТЕ ВО ,,ПАШОСКИ ЛИВАДИ”

0
1023
Во присуство на премиерот Зоран Заев и Извршниот директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, денеска преку Владата на РСМ на 22 општини им беа доделени договори за реализација на проекти во висина од 609.9 милиони денари.

На Општина Прилеп и’ беше доделен договор од ТАВ програмата за реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во м.в. „Пашоски ливади“ до собирна шахта во КО Прилеп, во висина од 40.540.000,00 денари.

Целта на проектот е надминување на проблемот со водоснабдувањето и овозможување на поквалитетни услови за водоснабдување, преку реконструкција на главниот доводен цевковод за вода во должина од 4 км и преку измена на материјалот од цевките во ливено-железни, со профил од 300 мм и притисок од 10 бари, заедно со целата потребна придружна хидротехничка опрема.

Реконструкцијата се изведува со напуштање на постоечкиот ров и изградба на нова диспозиција на трасата за доводниот цевковод, кој ги транспортира водите од постоечки каптажен објект, до кого се предвидува нова водомерна шахта со вграден електромагнетен мерач на проток.

На настанот присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонијa.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски,